Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по смртта на првиот демократски избран претседател на Република Бугарија, Жељу Желев, во лично име и во име на Социјалдемократскиот сојуз, упати телеграма со сочувство до граѓаните на Република Бугарија и до неговото семејство:
„Изразувам најискрено сочувство, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз, до вас како семејство на почитуваниот претседател на Република Бугарија, Жељу Желев, но и до сите граѓани на земјата.
Претседателот Желев, ќе остане запаметен како визионер и вистински лидер и предводник на демократските промени во Бугарија кон членство во Европската Унија, но и како добар пријател на Република Македонија.
Ја споделувам благодарноста за неговиот придонес во признавањето на Република Македонија под уставното име на нашата земја и за несебичната поддршка во моментите кога Македонија се бореше за својата независност.
Загубата на поранешниот претседател на Бугарија, Жељу Желев не е само на семејството и на Република Бугарија, туку и на демократска Европа“.