Сменети началникот и повеќе раководители во СВР Охрид

Од:

Оливер Ефтимов досегашен виш советник во СВР Струмица во Одделение за деташирани работници при СВКПС е именуван за нов времен началник на СВР Охрид на местото на досегашниот начелник Зоран Серафилиоски.

Како што соопшти МВР, оваа промена е направена заедно со повеќе други измени на раководните позиции во Секторот за внатрешни работи Охрид, а заради потребите на Министерството за внатрешни работи.

Горанчо Наќевски, досегашен советник за јавен ред и мир и превенција во Секторот за полициски работи од општа и посебна надлежност при Бирото за јавна безбедност на МВР, времено е распореден на работно место началник во Одделение за полиција при СВР Охрид, на местото од досегашниот начелник на оваа организациона единица Велко Спространов.

Исто така, на местото на досегашниот начелник во Оддлението за криминалистичка полиција при СВР Охрид, Аце Вељаноски, именуван е Игор Смилевски досегашен главен инспектор – раководител во Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје на ОКП при СВР Охрид, а именувани се и нови раководители на Отсеците за економски криминал, за општ криминал и за НТ со дрога и оружје.

За нов началник на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид е именуван Рубинчо Џавероски досегашен помошник командир во таа станица, а покрај ова направени се промени и во други раководни позиции при повеќе организациони единици во рамки на СВР Охрид.

Би можело да ве интересира

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи