20 милиони денари за проширување на улицата до плоштадот ВМРО

Од:

Проширувањето на улицата за пристап до новиот плоштат ВМРО кој се гради пред седиштето на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ ќе чини 20.426.417 милиони денари или толку проценил градот дека се доволни за овој потфат.

Тендерот за проширувањето го објави град Скопје а сумата од 330.000 евра е без вклучен ДДВ.

11

22

Проширената улица треба да го заокружи плоштадот ВМРО вреден 1,3 милиони евра.

Фонтаната и спомен обележјето пред зградата на ВМРО-ДПМНЕ се дело на скулпторката Елена Дуковска која победи на конкурсот објавен од град Скопје и однесе награда од 50.000 денари.

Името на трудот на Дуковска е „Лавица“ а ќе содржи престава со мотиви од историјата на ВМРО кои ќе се најдат на столб на централно место на плоштадот.
Изведувач на плоштадот ВМРО со површина од 681 метар квадратен е фирмата од Кавадарци „Урбан инвест“.

fontanata-na-ploshtad-vmro-se-gradi-kje-se-rasprava-samo-za-reljefot-192258

Инаку на скулпторката Елена Дуковска плоштадот ВМРО не и прв проект. Таа ја има направено и склуптурата „Чистачот на чевли“ лоциран на улица Македонија, а нејзини дела се и два од четирите лава на мостот Гоце Делчев.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела