Катаклизматичниот судир помеѓу галаксиите „Млечниот пат“ и „Андромеда“ не може да се избегне, но тоа ќе се случи дури за 4 милијарди години, соопшти американската вселенска агенција НАСА.
„Нашите претпоставки укажуваат на фронтален судир помеѓу овие две галаксии“, изјави на конференцијата за новинари Реланд ван дер Марел, астрофизичар од институтот во Балтимор.
До заклучокот стигнале со основното мерење на брзината и насоката на движење на „Андромеда“, што е комлицирана операција добиена како резултат од испитувашата со вселенскиот телескоп „Хабл“.
„Андромеда“ во моментот се наоѓа на растојание од 2.5 милиони светлосни години (една година е 9.460 милијарди километри) и се движи кон Млечниот пат 2.000 пати побрзо од него.
Галаксиите тргнаа една кон друга поради нивата сила на гравитација, како и невидливите темни материи кои ги опкружуваат.
„По речиси еден век шпекулирање во научната зедница за судбините на соседните галаксии, конечно имаме јасна слика за иднината на Космосот во наредните милијарди години“, рече Сангмо Тони Сон од Балтимор – институтот.
Комјутерските симулации врз основа на податоците покажаа дека по судирот уште 2 милијарди години ќе им бидат потребни на галаксиите за да го довршат спојувањето.
Потоа ќе произлезе нова галаксија со елиптичен облик.
Сонцето ќе се наоѓа на нова позиција во вселената, но како што тврдат научниците на Земјата не и се заканува опасност. И покрај спојувањето на двете галаксии, ѕвездите во нив се премногу далеку и многу е веројатно е дека тие нема да се судираат една со друга во процесот.