Сенатот на САД усвои нацрт-закон за изградба на нафтоводот „Кистоун Екс Ел“ од Канада до Тексас. Законот беше усвоен со 62 гласа „за“ и 36 „против“.
Претставничкиот дом на Конгресот го одобри текстот претходно овој месец и покрај заканите од вето на претседателот.
„Кистон Екс Ел“ е првата од многуте битки меѓу републиканците и Белата куќа по прашањето за енергетиката и животната средина.
По одобрувањето од Сенатот нацрт-законот треба да биде ратификуван од претседателот.
Со докумнетот се одобрува изградба на гасовод со должина од 1.900 километри, кој ќе пренесува нафта претежно од наоѓалиштата во Канада до рафинериите по крајбрежјето на Мексиканскиот Залив.
Критичарите тврдат дека проектот, вреден осум милијарди долари, ќе има катасрофални последици за глобалното затоплување.