Бугарските власти во Франција екстрадираа еден Французин осомничен за поврзаност со терористичкиот напад врз редакцијата на неделникот „Шарли Ебдо“ во Париз.
Фриц Жоли Жоашен (29) беше уапсен од бугарската полиција додека се обидувал преку територијата на Бугарија да побегне во Турција заедно со својот тригодишен син.
Тој признал дека имал врски и соработувал со браќата-џихадисти Куачи, кои упаднаа во просториите на „Шарли Ебдо убивајќи 12 лица, но тврди дека не знаел ништо за нивните убиствени планови.
Осомничениот Французин синоќа од Софија беше префрлен во Париз, каде е уапсен и сослушан. Француските власти го обвинуваат за припадност и соработка со терористичка група, како и за врски со тајната мрежа за илегално префрлање џихадисти од Франција во Сирија.
Исламистичките милитанти тврдат дека упадот во просториите на парискиот стиричен неделник и убиството на членовите на редакцијата била „одмазда за исмевањето“ на муслиманскиот пророк Мухамед.
Вкупно 17 лица беа убиени во тридневните терористочки напади во Париз меѓу 7 и 10 јануари, пред француските специјалци да ги пронајдат и ликвидираат џихадистите.