Шефовите на дипломатиите на ЕУ одлучија да наложат нови санкции против проруските сепаратисти во Украина

Од:

Шефовите на дипломатиите на ЕУ одлучија да наложат нови санкции против проруските сепаратисти во Украина и нивни приврзаници, јави ДПА, повикувајќи се на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

Списокот ќе биде подготвен за една седмица. Конечното решение за прашањето треба да биде донесено од шефовите на дипломатиите на ЕУ на следната нивна средба на 9. февруари во Брисел.

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер истакна дека на луѓето кои ќе бидат додадени во црниот список ќе им биде забрането да влегуваат на територија на ЕУ и ќе им бидат замрзнати сметките.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство