Бранка Павловиќ нов претседател на УО на Охридска банка

Од:

Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје, по добиена претходна согласност од гувернерот на НБРМ, ја назначи Бранка Павловиќ за претседател на Управниот одбор на Охридска банка. Мандатот и започнува на 1 февруари годинава и ќе трае четири години.

Таа ја заменува Јитка Пантучкова која оди во пензија по 13 години поминати во Сосиете Женерал Групацијата.

Бранка Павловиќ дипломирала економија на Универзитетот во Белград. За време на изминатите 15 години била назначена на бројни раководни позиции во рамките на Сосиете Женерал Групацијата.

Би можело да ве интересира

Величковски: Приливите од странство ќе им бидат на располагање веднаш на граѓаните и на компаниите со влезот во СЕПА

Ангеловска-Бежоска: членството во СЕПА е признание за нашата посветеност на финансиската интеграција во ЕУ, стабилноста и на модернизацијата

Трамп: На американските банки не им е дозволено да работат во Канада

Во јануари годишен раст од 11,0% на депозитите, а 11,3% на кредитите

Европската централна банка ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата за Народната банка до 2027 година

Усвоен Кварталниот извештај: Макроекономските движења минатата година соодветствуваат со проекциите на Народната банка