Грција ќе се сврти кон Русија и Брикс

Од:

Правда – Москва

Република Грција избра да гласа за своите национални интереси, за патриотизмот. Како што изгледа, склоноста на Брисел да ги занемарува националните интереси предзвика силна и тешка политичка криза во ЕУ и во еврозоната. Евроклонијализмот доживеа монструозна шлаканицаљ, но Ангела Меркел продолжи да ги повторува претходните мантри. Таа сеуште не го гледа почетокот на крајот на европското единство.

Грција повторно ја испишува историјата

– Денес Грците повторно ја испишуваат историја, изјави Алексиси Ципрас, лидерот на левата коалиција Сириза, која победи на предвремените парламентарни избори во Грција. „Тројката (кредиторите: ЕУ, Европската централна банка и ММФ) за нас веќе не постојат. А мерките за болна економија ќе останат во минатото. Елитите и олигарсите изгубија од нас. Сега да го вратиме нашето достоинство и сувереност“.

Победата на блокот Сириза беше сензација – навистина очекувана, но колку пати веќе неуспешна заради махинациите на власта (сетете се на шкотскиот референдум). Но во Грција надмоќноста на патриотите беше толку силна, што немаше како да се сокрие.

Утрото во понеделникот се разбра дека Сириза собрала над 36 проценти од гласовите кои и гарантираат 149 од 300-те места во парламентот. За да формира апсолутно мнозинство, таа покани во парламентарна коалиција националисти од другиот – десниот фронт. Партијата Независни Грци (за кои се знае дека се исто така евроскептици) влезе во парламентот со 13 пратеници.

Обединувањето на националистите од двата политички табора е знак дека грците гласале за отказ за надворешното управување на земјата. Ќе посочам дека делот на партиите кои ја бранат таа најнова форма на колонијализам опадна од 80 во текот на 2008 година, на 30 проценти од гласовите во новиот парламент (партиите Нова демократија и Пасок). Јасно е зошто.

За време на управувањето на центристите, пензиите се намалија просечно за 40 проценти, даноците на недвижностите нараснаа за неколку пати, невработеноста скокна на 26 проценти (и над 50 отсто меѓу младите) – а луѓето, кои не успеваа да си најдат работа за 12 месеци ја изгубија и помошта за невработеност и достапот до државната медицинска грижа.

Од Германија се уште не се слушаат нови изјави, но Ангела Меркел не мрднува ни са милиметар од мантрата: „Грција треба да си ги изврши преземените ангажмани“. Реагираше и белгискиот министер за финаисни, Јохан ван Овертвелд, кој за Асошиетед прес пред заседанието на своите европски колеги изјави: „Може да стане збор во каков контекст ќе го разгледуваме реконструкуирањето на долгот (грчкиот долг надмина 170 проценти од БДП, или 340 милијарди долари)“.

– Грција всушност треба да ги почитува правилата на монетарната унија во нивниот сегашен вид, или со други зборови, можат да се променат некои нешта, но радикални промени се невозможни, појасни ван Овертвелд.

Дали е така? Шефот на надворешнополитичиот оддел во Сириза, Костас Исихос, во интервју за Русискаја газета рече дека Грците нема да можат да го вратат долгот ниту за десет поколенија. „Првата задача ќе биде да го воспоставиме суверенитетот над Грција“, изјави политичарот. Според него, дел од долгот е незаконски и затоа треба да се свика општоевропска конференција со учество на сите држави во ЕУ.

Како приоритет број два е да работиме на нашите политички сојузници во Европа, со цел да си го повратиме економското и геополитичкото влијание кое Берлин се обидува да го наметне, особено во Југоисточна Европа и на Балкаонот, дополни Исихос.

Грција фаќа курс кон Русија и Брикс

Во таа смисла, Сириза има намера да соработува со Брикс и со Русија. „Грчко-руските односи е далеку подлабоки од денешниот дневен ред. Имаме исти религии, културни корени, историски врски, исти се многу од нашите имиња“, рече политичарот.

Во својата предизборна програма, Сириза уверуваше дека ќе настојува за подигнување на санкциите против Русија. Освен тоа, планира и учество во проектот Турски поток. „Грција, Русија и Турција ќе можат заедно да работат на транспортот на гасот, кој им е неопходен на европејците“, потенцира Костас Исихос.

– Членуваме во НАТО и немаме намера во блиска иднина да ја напуштиме организацијата. Но како полноправен член, имаме намера да покажеме дека имаме и наше мислење. Не сакаме вечно да ја играме улогата на добриот ученик“, додаде тој.

Сојузник на Унгарците и Грците може наскоро да стане Шпанија, каде сила добива евроскептичната партија Подемос. Ирската националистичка партија Шин Фејн исто излегува напред во својата земја. И ништо чудно во текот на 2017 година, во Франција да дојде на власт Марин Лепен.

– Се радувам што грчкиот народ тукушто му удри шлаканица на демократскиот евросојуз со монструозна сила, напиша на твитер шефот на француската партија Национален фронт.

Дури и Велика Британија сака излегување од ЕУ и се заканува со повлекување и од претходно планираниот референдум за излегување од заедницата, затоа што таму на локалните избори победија евроскептичната Партија за независност на Обединетото кралство (Еукип). „Грчките избори ќе ја засилат нејаснотијата во Европа. Токму затоа Велика Британија треба да ги следи своите планови гарантирајќи ја сигурноста во свјот дом“, напиша на твитер британскиот премиер Дејвид Камерон.

Како да се постапи со долговите на Грција

Ангела Меркел неспорно може да ја ликвидира владата на Сириза, на пример, ако го сопре финансирањето на Грција од Европската централна банка – но за еврозоната тоа всушност ќе биде почеток на крајот. Остварливи ли се грчките планови за делумно простување на долгот?

Грците наведуваат дека има примери за тоа. Напомнуваат дека на Лондонската конференција во 1953 година европската заедница отпишала голем дел од долговите на Западна Германија, отварајќи го патот за таканареченото „германско чудо“ – брзото востанување на моќната економија на земјата.

– Пред околу еден месец, кога се разбра дека Сириза ќе ги добие изборите, канцеларот Меркел започа да се заканува со исклучување на Грција од еврозоната, за Правда изјави Теодора Јаници, директор на Грчкиот културен центар во Москва. „Нас грците тоа не не плаши: и да излеземе од Шенген, и од еврозоната, затоа што во последниве години земјата потпадна во мизерија, а финасиско-економската состојба на народот многу се влоши. Да се плашиме дека ќе не истераат од зоната на еврото и дека ќе останеме без пари – па и вака и онака сме без пари. И да излеземе од еврозоната, ќе ја вратиме националната валута, па потоа ќе видиме како ќе се одвиваат работите, ќе го вратиме долгот кој ни беше наметнат вештачки. Но повеќе од самиот долг се каматите кои се натрупаа во изминативе години“, коментира таа.

Според Теодора Јаници, ако една земја ја следи политиката на ММФ, тоа долго време ја држи во ропство. „Ви го покажувам примерот со Русија. Дури откако дојде новото раководство на Владимир Путин, Русија на крајот на 90-ите се расчисти со ММФ и во економијата нештата почна да си доаѓаат на место“, појаснува експертот.

Го додавам и примерот со Аргентина. Откако во текот на 2002 година земјата ја ослободи својата валута која десет години беше обврзана со доларот, локалната економија започна брз раст заради многу нискиот курс на пезото наспроти американскиот долар.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот