Потона брод во Бангладеш, повеќе од 20 лица се водат како исчезнати

Од:

Преполн брод на кој се наоѓале мигранти од Бангладеш, кои се обидувале да стигнат во Малезија, потона денеска во близина на бангладешкиот брег, при што повеќе од 20 лица се водат како исчезнати, соопшти полицијата.

Спасувачките екипи од водите на Бенгалскиот Залив успеале да извлечат 32 лица, а по останатите се трага.

– Не се знае каде се нешто повеќе од 20 лица. Припадниците на крајбрежната стража и полицијата продолжуваат со спасувачката операција, изјави началникот на локалната полиција, Масуд Алам. – Луѓето, кои се спасени ни кажаа дека на бродот се наоѓале околу 60 луѓе, додаде Алам.

Тој истакна дека сите спасени луѓе се држајани на Бангладеш, кои се упатиле кон Малезија.

Илјадици сиромашни жители на Бангладеш секоја година се обидуваат да емигрираат во Малезија и се одлучуваат на опасното патување во таа земја долго 3.200 километри.

Би можело да ве интересира

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Дака, војската е на улиците, воведен е полициски час, над 100 лица загинаа

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници