Еден од 10 работници зема слободни денови поради депресија, покажало истражувањето спроведено на 7.000 лица во седум европски земји.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, повикувајќи се на BBC, истражувањето EDA (Европска асоцијација за депресија) е спроведено во Британија, Германија, Италија, Данска, Турција, Шпанија и Франција.
Работниците од Британија, Данска и Германија се најдепресивни, според истражувањето, дури 20% од испитаниците во еден момент пателе од депресија.
Најголем број дијагностицирани, е забележан во Британија, 26%, а најмал во Италија – 12%. Утврдено е дека Германците, Данците и Британците повеќе би земале слободни денови поради депресија, а Турците тоа би го сториле многу помалку.
Поради депресијата во просек се земаат 36 слободни денови во годината. Депресијата, Европа, годишно ја чини 92 милијарди евра.