Патните трошоци на Бонева-хит на социјалните мрежи

Од:

Силвана Бонева пред и по патните трошоци. На социјалните мрежи се шират две слики на пратеничката Силванева Бонева.

Едната, како изгледала пред влегувањето во Собранието и втората актуелна.

Пред и после патните трошоци, вака коментираат граѓаните.

predIPosleSilvanaBoneva

Инбокс 7 објави анализа дека за патни трошоци на Бонева, која живее во Струмица, но чии синови имаат станови во Скопје, од собранискиот буџет и биле исплатени 23 .000 евра за дел од 2013 и дел од 2014 година.

Таа демантираше дека и’ биле исплатени толку пари, појаснувајќи дека 23.000 евра се однесуваат на месеци во 2013 и 2014 година, но тоа истото го објавија всушност медиумите со голема прецизност и за кои месеци се работи.

Рекордер во наплатата на патните трошоци е пратеникот од Гевгелија, Драги Цуклев – во 2014 година наплатил 1,5 милиони денари (околу 25.000 евра).

Не помалки добиле и охридско-струшките, и битолските пратеници Зоран Илиовски и Љиљана Кузмановска.

Според податоците од Собранието, на Кузмановска и се исплатени 1,1 милион денари во 2014 година или нешто помалку од 18.000 евра.

Роза Топузовска Каревска и нејзината сограѓанка од власта Ане Лашкоска, секое доаѓање до Скопје имаат можност за патни трошоци да наплатат стотина евра. Топузовска Каревска, со лична карта од Прилеп има стан во Скопје.

Пратеникот Антонио Милошоски од Кичево, до Скопје, наплаќа толку пари, колку да патува за Белград. Нему му следуваат по 4.000 денари за одење и враќање од „далечното“ Кичево.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела