Владата на Грција не е согласна со санкциите на ЕУ кон Русија, кои нанесуваат удар врз целата грчка економија, изјави денеска првиот заменик-министер за надворешни работи одговорен за европски прашања Никос Хундис.
– Ние не сме согласни со духот на овие санкции, кои имаат негативни последици не само за нашето земјоделство, туку и за целата економија на земјата, рече Хундис.
Новата грчка Влада на премиерот Алексис Ципрас вчера изрази незадоволство дека ЕУ ги занемарила противењата на Атина при подготовката на декларацијата на ЕУ за Русија, во која ЕУ и се заканува на Москва поради ескалцијата на конфликтот во Источна Украина.