Отстранети металните огради кои го штитеа грчкиот Парламент од демонстранти

Од:

Металните огради пред грчкиот Парламент, кои беа поставени како заштита од демонстрантите за време на масовните протести и судири со полицијата, денеска беа отстранети по наредба на новата Влада.

Времените огради, поставени од специјалните единици со цел да ги спречат демонстрантите да влезат во зградата на Парламентот, станаа симбол на потчинувањето на Грција на строгите мерки за штедење наложени од меѓународните кредитори.

Во последните години на чело на масовните протести во земјата се наоѓаа активисти на радикалната левица СИРИЗА, која победи на предвремените парламентарни избори на 25 јануари и формира Влада, предводена од нејзиниот лидер Алексис Ципрас.

Би можело да ве интересира

Во Грција исчезна петгодишното момче Игор од Србија

Горан Наумовски

Голем шумски пожар во близина на Атина: Пожар зафати куќи, бројни пожарникари и 17 авиони учествуваат во гаснењето

Голем пожар на грчкиот остров Серифос во Егејското Море

Тринаесетгодишно девојче загина од гром на плажа на Халкидики

Предраг Петровиќ

Грција: Раководството на Северна Македонија се враќа на дејствија што алудираат на иредентизам

Големи пожари избувнаа низ Грција, пристигнуваат хеликоптери за да им помогнат на пожарникарите

Горан Наумовски