Москва ги повикува партнерите во Брисел да не го врзуваат прашањето за пристапување на Србија кон ЕУ со прекин на врските со Русија, изјави министерот за надворешни работи на Руската федерација Сергеј Лавров, во статија објавена во српскиот весник „Хоризонт“.
Како што пренесува ТАСС, Лавров во текстот нагласува дека односите меѓу Русија и Србија се позитивен пример за изградба на продуктивни, насочени кон иднина односи.
Рускиот министер за надворешни работи нагласи дека нови договори се постигнати за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Србија на 16 октомври 2014 година.
Потврда за длабочината и одржливоста на историски врски на двата народи беше и официјалната посета на Република Србија на Патријархот Московски и цела Русија Кирил на 14 и 16 ноемрви 2014 година, нагласи Лавров.
– Србија е суверена држава, што спроведува самостојна надворешна политика, вклучително и за прашањата за евроинтеграциите. Сложен предизвик останува проблемот со Косово, истакна Лавров, коментирајќи ги се поголемите обиди да се наметне на Белград лажна дилема ЕУ или Русија.