Приведено лице по пукањето кај „Капитол“ во Аеродром

Од:

СВР – Скопје го приведе лицето А.К.(16) од Скопје и со него е извршен разговор во Полициската станица- „Бит Пазар“ во присуство на негов роднина. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Како што соопшти денеска МВР, синоќа околу 20 часот на бул.„Јане Сандански“ на паркингот позади ТЦ „Капитол“ две непознати лица физички нападнале 14-годишен малолетник кој бил заедно со уште двајца пријатели на возраст од по 16 години на тој начин што најпрво ги пресретнале на наведеното место и почнале да ги бркаат.

Двајцата 16-годишни лица избегале во еден правец, а 14-годишниот малолетник се упатил во правец кон Ново Лисиче, но бил пресретнат од двете непознати лица и физички бил нападнат.

– Во еден момент оштетениот успеал да избега по што лицата со патничко моторно возило „мерцедес” го напуштиле местото на настанот и откако стигнале во близина на ТЦ „Капитол“ од огнено оружје испукани се неколку куршуми во непознат правец. На 14 годишното лице му е укажана лекарска помош во Градската Болница „Св. Наум Охридски“ каде му се констатирани телесни повреди, се појаснува во соопштението од МВР. 

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски