Санкциите кон Русија ја зголемија на стоковата размена меѓу Москва и Анкара

Од:

Санкциите на ЕУ кон Русија придонесуваат за зголемување на стоковата размена меѓу Руската Федерација и Турција, изјави турскиот министер за економија Нихат Зејбекчи.

Во интервју за австрискиот весник „Виртшафтсблат“, Зејбекчи нагласува дека стоковата размена меѓу двете земји би се зголемила и без воведувањето на санкциите, но во сегашни услови трговијата меѓу Русија и Турција дополнително се зголемува.

Моментно билатералната стокова размена меѓу Москва и Анкара изнесува 28 милијарди долари.

– Паралелно со тоа треба да се направат напори за развојот на економските односи меѓу Русија и Турција да биде одржлив, истакнува Зејбекчи.

Пред година и половина на руско-турска средба на високо ниво беше поставена цел за зголемување на стоковата размена до 100 милијарди долари, а тогаш воопшто не стануваше збор за никакви санкции. Единствен ефект од санкциите против Русија за нас е тоа што, сега таа цел ќа ја оствариме побрзо, нагласи турскиот министер за економија.

Би можело да ве интересира

Украинците ги открија трите услови на Русија за мир

ВИДЕО: „Естонците се обидоа да го нападнат рускиот танкер, а потоа се појави Су-35“

Турција се приклучи на „коалицијата на спремните“, подготвена е да го надгледува мирот

Вучиќ се сретна со Путин: Го ценам тоа што дојдовте во Москва и покрај притисоците

Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин