„Ауди РС3 Спортбек“ е противтежата за „Мерцедес А45 АМГ“

Од:

Три години по лансирањето на третата генерација „Ауди А3“ германскиот производител на клиентите ќе им ја понуди неговата најмоќна спортска верзија. „Ауди РС3 Спортбек“ на пазарот пристигнува две години по во моментов најголемиот ривал во класата „Мерцедес А45 АМГ“.

„Ауди РС3“ можеби временски доцни зад „Мерцедес А45 АМГ“, но во однос на моторизацијата е за нијанса понапред од конкурентот.

Наспроти 2.0-литарскиот четирицилиндричен турбо – бензинец на „Мерцедес“ со 365 кс и 450 Нм се наоѓа петцилиндричниот мотор на „Ауди“ со волумен од 2,5 литри што произведува 367 „коњи“ и располага со 465 Нм максимални вртежи во минута.

Силата се пренесува на сите четири тркала со помош на седумстепен С троник менувач и кватро системот на „Ауди“, а автомобилот од состојба на мирување до стотка се забрзува за само 4,3 секунди, пред да ги постигне максималните, електронски ограничени 250 километри на час.

На барање на купувачите лимитот може да се зголеми на 280 километри на час.

Новиот „Ауди РС3“ ќе се произведува исклучиво во верзија со пет врати.

Производителот уште не ги објави цените на овој модел, но неофицијално информира дека во Германија ќе чини 56.600 евра.

„Ауди“ во март ќе ја отвора книгата за нарачки, а првите примероци до нивните сопственици ќе пристигнат во текот на летото.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ