Вечерва промоција на книгата „Само сонот е стварност“

Од:

Во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар во Скопје, вечерва во 20 часот ќе биде промовирана книгата на Илинденка Петрушева „Само сонот е стварност“ со поднаслов „Од бележникот на еден филмолог“. Публикацијата е структурирана во шест целини со филмолошки студии, есеи и филмски рецензии, а неодамна излезе од печат во издание на „Македоника литера“.

– Петрушева пишува за историските, естетските и феноменолошките аспекти на филмот, при што како проучувач на филмот се занимава и со неговата историја. Освен како педантен и префинет филмски критичар, таа на есеизиран и вдахновен начин обработува одредени историски процеси и естетски тенденции на филмската уметност во светот и во Македонија, збогатувајќи ја книгата со мноштво сознанија и историографски податоци – велат организаторите.

За книгата ќе зборуваат Оливер Белопета и Зоја Бузалковска. По претставувањето ќе биде проектиран музичкиот документарен филм „Потрага по шеќерниот човек“ (добитник на Оскар и на БАФТА, како и на уште 37 други награди), како дел на зимското издание на МакеДокс, кој заедно со МКЦ е соорганизатор на промоцијата.

Илинденка Петрушева (1944) е филмски критичар, филмолог, истражувач на филмската историја. Главен и одговорен уредник е на списанието „Кинопис“.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје