(ВИДЕО) Хаос во Приштина, десетици повредени

Од:

Повеќе илјади активисти на Самоопределување и граѓани на Косово се собраа на плоштадот Скендербег во Приштина протестирајќи поради изјавите на министерот во владата на Косово Александар Јаблановиќ и поради барањето комбинатот Трепча да стане јавно претпријатие.

На полицијата и имаа дадено ултиматум да ги отстрани поставените барикади, но со оглед дека тоа не се случи почнаа судири со силите на редот. Во нередите има десетици повредени од двете страни.

Насобраните граѓани носеа пароли „Без Трепча нема држава“, Трепча е наша, а не српска“.

Демонстрантите кои ги предводи опозиционото движење Самоопределување, бараа оставка на министерот Јаблановиќ и Трепча итно да стане јавно претпријатие на што се противи Владата на Србија и политичките претставници на Србите на Косово.

По завршувањето на собирот дел од демонстрантите ја гаѓаа зградата на Владата и скршија неколку стакла на прозорците поради што реагираше полицијата со солзавец. Повредени се 19 припадници на полицијата, а приведени се 22 демонстранти.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска