Првиот човек на СОНК, Јаким Неделков, денеска потврди дека наставниците и професорите во училиштата во цела земја се придружуваат на штрајкот. А дека само во училиштата каде се донесени заменски тестатори да го извршуваат екстерното тестирање, тоа делумно се спроведува.
– Да штрајк има, има во цела Македонија. Тоа е очигледно. Некаде со исклучително голем интензитет, некаде со послаб. Јас не знам кој шпекулира со учениците и родителите, тоа треба нив да ги прашате, рече Неделков
За соопштението на Државниот испитен центар во кое штајкот на просветарите беше наречен „наводен“, Неделков рече дека ако така го нарекле тогаш не излегле од нивните кацеларии.