Матурантите се збунети од хаосот кој се направи со полагањето на екстерното. Некои воопшто не се појавија, некаде тоа, поради штрајкот го спроведуваат заменските наставници.
На ФБ група за екстерното, тие реагираат на тоа што се случува. Еве што напиша една матурантка:
Дечки вака веќе не може! Значи некој да потроши цел викенд да учи, да оди од сабајле од 9:30 да се тестира, да чека до 11:00 а некој и повеќе, зошто? За да на крај дојде директорoт и да ни каже дека нема сега да се тестираме, ќе се тестираме понатаму и ќе ни бидат сменети прашањата или евентуално предметите?
И исто прашање ЗОШТО? Затоа што во Соу Гимназија “Гоце Делчев” Куманово, нема доволно професори вмровци кои би не тестирале. Ова е само дел што се случуваше сабајлево во средните училишта во Куманово. Ние за утре и за во среда и четврток ќе учиме пак, за да се тестира една третина од нас, а другите две третини ќе си учиме уште 2 други предмети кога ке им текне на нив, може и во јуни, што ако полагаме матура тогаш, нема врска ние сме овци ке трпиме. Кажете ми само до кога ке бидеме овци?
(Кумановци не га потценују кумановски само овој беше едини начин да се поврземо с’с Струмицу, и други делови на Македонију што су у исту ситуацију како нас)
Поздрав.