Министерството за образование и наука апелира учениците да се појават на екстерниот испит. Укажува дека испитот е задолжителен, и дека без него свидетелствата не им се валидни.
„Апелираме до сите засегнати ученици да се вклучат во реализацијата на процесот чијашто единствена цел е подигнување на нивните знаења, како и подигнување на објективноста при оценувањето на наставниците, имајќи во предвид дека неоправданото отсуство предизвикува реперкусии врз нивниот просечен успех, врз валидноста на свидетелствата, а тоа пак влијае врз текот на понатамошниот воспитно образовен процес, односно упис и формализација на високото образование“, велат од МОН.
МОН бара СОНК активностите да ги реализира на начин со кој нема да има негативни последици за воспитно образовен процес.
Екстерното тестирање според СОНК се одржува со заменски наставници во некои училишта.
Во Битола матрантите не влегле на екстерно тестирање.
Само пет минути пред почетокот на екстерното тестирање, матурантите од средното техничко училиште „Ѓорги Наумов “ во Битола си заминале дома.
Според СОНК, учениците го бојкотирале екстерното и во Куманово, Струга, Тетово, Гостивар и Кичево, а во Скопје екстерно не се спровело во „Арсениј Јовков“.