Прва жена бискуп во Црквата на Англија

Од:

Првата жена бискуп на Англиската црква Либи Лејн денеска стапи на должност, со што се стави крај на машката доминација со водството на оваа црква.

Пречесната Либи Лејн стана осми бискуп на Стокпорт на денешната служба во Јоркшката катедрала.

Минатата година беше ставен крај на долгата поделба во Црквата откако со гласање беше дозволено жени да служат како бискупи.

Лејн по именувањето изјави дека таа е прва, но не и последна жена бискуп.

Црквата на Англија е државна христијанска црква во Англија и „мајка црква“ на англиканската заедница. Англиската црква се одвои од Католичката црква во 1534 година по донесувањето на Актот за супрематија и денеска се одредува истовремено како католичка и реформаторска.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство