ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов молчи за фирмите во неговиот стан

Од:

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повикува Петре Шилегов од СДСМ јавно да одговори на прашањата за фирмите во неговиот стан, за закупнината што ја добива од непостоечки имот, за златото, накитот и часовниците со кои располага, вредни 130.000 евра, за уметничките слики што ги купил 50.000 евра со приход кој до скоро го пријавувал на 33.000 денари,…

– Шилегов десет дена молчи за скандалите во кои е заглавен до гуша, а претходно секој ден излегуваше на пресови за секакви квази скандали. Која ставка и да се погледне од неговиот анкетен лист, се поставува ново прашање и нов скандал, рече денеска на прес-конференција пратеникот Александар Стојкоски.

Според него, Шилегов не најде начин да одговори како месечно добива закупнина од 700 евра од непостоечки имот, премолчи и за четирите фирми сместени во неговиот стан за кои не пријавил дека има договор за закуп, ниту колку закупнина добива од нив, а не кажа и со што се занимаваат две од четирите фирми кираџии кои немаат пријавено вработени и по се личат на фантом фирми.

– Шилегов за ниту еден од овие скандали не излезе да даде одговор на јавноста. Тоа е крајно дрско, но истовремено и сомнително. По урнекот на Шекеринска и Заев за своите скандали молчи и се обидува да се скрие преку манипулации за други. Ова е вистината за Петре Шилегов, за неговите сомнителни зделки, скриени приходи и лажни податоци за имотната состојба и приходите. Паднаа маските и лицемерието кое го продаваше во јавноста. Сите видоа колку матни зделки се врзани за него, посочи Стојкоски.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ