А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Влада ќе креваат тегови и ќе трчаат на трака

by А1он26/01/2015 - 15:4627/01/2015 - 09:07174
Share0

Владата ќе набавува фитнес трака, тежини за шипки, опрема за тежина, фитнес точак и фитнес трака со наслон за грб.

Следете a1on на Instagram Instagram

Премиерот Никола Груевски пред два дена во емисијата “Јади бурек“ кажа дека секојдневно вежба на статичен велосипед и на подвижна трака, а сега неговиот пример ќе мора да го следат сите функционери во Владата.

Со набавката на справите од владата се создаваат услови да се вежба на работа а не во домашни услови.

Службата за општи и заеднички работи ги набавува фитнес справите за кои Груевски рече дека секојдневно ги користи.

Следете a1on на Youtube YouTube

„Пет до шест дена трчам на трака еден ден прескокнувам. Возам на точак дома на овие што се статични и нешто на мултифункционална справа. Обично играм и фудбал ама повредата ме извади од колосек па паузирав доста“, изјави Никола Груевски.

Од службата процениле дека за набавка на оваа опрема се потребни 2.245.763 милиони денари без вклучен ДДВ или околу 36.000 евра.

На страната на бирото за јавни набавки стои дека при спроведување на постапката ќе се користи електронска аукција ,а набаката е деллива што значи дека потребните фитнес справи можат да ги набават повеќе фирми.

260115-025303-8c9ca6fd-742f-48b8-a5f0-983f826e5438-1

Дополнителни информации во врска со електронската аукција:

„Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во постапка. Предмет на аукцијата е вкупната цената на предметот на договорот за јавна набавка со сите вклучени попусти без данок на додадена вредност, односно најниската цена од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката. Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани во ЕСЈН. Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди; датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата; како и интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени). За да можете да учествувате на електронската аукција, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН“, стои на страната на бирото за јавни набавки.

Понудите стреба да се достават најдоцна до 17-ти февруари.

Единствено што останува нејасно во набавката на фитнес справите е кога премиерот и министрите ќе вежбаат со оглед што нивното мото е 24/7 или непрекината работа.

vlada

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

Катерина Ѓуровски07/08/2026 - 11:04

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Горан Наумовски05/08/2026 - 15:40

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 10:44

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 09:06

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Горан Наумовски30/07/2026 - 09:38

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски29/07/2026 - 20:0929/07/2026 - 20:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео