Државниот испитен центар ги квалификува како апсолутно невистинити, написите во дел од медиумите, според кои процесот на екстерната проверка на постигањата на знаењата на учениците од завршните години во средните училишта, го реализираат заменски наставници и тестатори.
„Се работи за известувачки содржини кои имаат за цел да придонесат и одработат единствено во насока на реализација на манипулативните, јавно изнесени цели на наводниот штрајк кој го организира претседателот и потесното раководство на синдикалната организација. Имено, процесот го реализираат истите наставници кои во текот на подготвителниот период за реализацијата на оваа законска одредба, беа обучени од обучувачите ангажирани од Државниот испитен центар“, соопштува Државниот испитен центар.