Сириза победи на изборите во Грција, но не освои мнозинство

Од:

Коалицијата на радикалната левица (Сириза) освои 36,32 проценти од гласовите на вчерашните вонредни парламентарни избори во Грција, покажуваат резултатите од 99,94 отсто преброени гласови, јави дописникот на МИА од Атина.

Зад Сириза е Нова демократија со 27,81 отсто, Златна зора е трета политичка сила со освоени 6,28 проценти, Потами освои 6,05, Комунистичката партија на Грција (ККЕ) 5,47, Независни Грци (АНЕЛ) 4,75 и ПАСОК ја доби поддршката од 4,68 отсто од избирачите.

Според овие бројки, Сириза не освои мнозинство со 149 места во парламентот, Нова демократија ќе има 76 пратеници, Златна зора 17, Потами 17, ККЕ 15, и ПАСОК и Независни Грци ќе имаат по 13 пратенички места.

На изборите биле регистрирани 9.909.464 избирачи, од кои гласале 63,87 проценти. Вкупно 2,36 проценти од ливчињата се неважечки.

Компанијата која е задолжена за обработка на гласовите соопшти дека резултатите треба да ги потврдат и судски власти.

Лидерот на победничката партија Алексис Ципрас денеска веќе имаше средба со претседателот на АНЕЛ Панос Каменос, на која очигледно веќе е договорен составот на новата грчка влада.

– Грција има влада, изјави Каменос по средбата со Ципрас и додаде дека АНЕЛ ќе гласа за „доверба на премиерот Алексис Ципрас“.

На новинарски прашања за тоа кои министерски места ќе ги добие неговата партија во новата коалициска влада, Каменос рече дека тоа ќе го соопшти Ципрас.

Според освоените гласови, новата коалициска влада ќе има 162 места во парламентот кој брои 300 членови.

Грчкиот претседател Каролос Папуљас попладне ќе го прими лидерот на Сириза, Алексис Ципрас за да му даде мандат да формира влада, а подоцна ќе положи и заклетва како премиер на Грција. Еден час пред средбата со Папуљас, Ципрас ќе се сретне и со архиепископот на Атина и цела Грција, Јеронимос.

Лидерот на Нова демократија Андонис Самарас во моментов е во седиштето на неговата партија во Атина каде има средби со блиски соработници и други партиски функционери.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица