Едно лице загина во сообраќајка во близина на Штип

Од:

Едно лице загина, а едно е повредено во тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа на патот Штип – Свети Николе, во близина на штипското село Криви Дол.

Според првичните информации од теренот, до несреќата дошло откако се судриле три возила „југо“, „пежо“ и „матис“. Од силината на ударот на лице место починал возачот на „југото“.
Лекарот во Итната медицинска помош од Штип Јусеин Демиров вели дека починатото лице е на возраст од 30 до 32 години.

-Утврдивме дека нема никакви знаци на живот, со повреди и раскрвареност на главата и крв во устата, најверојатно постоеле и други полутрауматрски повреди. Ние пробавме да му пружиме помош, но лицето починало на лице место. Идентитетот на починатото лице не е познат затоа што првично кај него не биле пронајдени документи за идентификација, истакна Демиров.

Екипата на Итната медицинска помош лицето кое сакало да помогне на местото на несреќата го нашла на 500 метри од истата. – Лицето кое пешачеше по патот и најверојатно се криеше во грмушките од полицијата видовме дека е со раскрварено лице и со повреди, застанавме со нашето возило и го транспортиравме во болница, додаде Демиров.

Повеќе детали за несреќата ќе има во текот на денов бидејќи увидот на истражните органи траеше до доцните вечерни часови.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски