СВР Битола поведе истрага за оштетувањето на возилата на УЈП

Од:

Секторот за внатрешни работи -Битола поведе истрага за утврдување на причините и предизвикувачот на оштетувања на службените возила на регионалната дирекција на Управата за јавни приходи-УЈП, кои вчеравечер се случија во Битола.

Синоќа пред службените простории на регионалната дирекција на УЈП што се наоѓаат на улицата „Никола Тесла“ во Битола, оштетни се шест службени возила, потврди раководителот Менде Матевски на средба со новинарите во овој град.

– Оштетени се 15 гуми на шест возила на УЈП во Битола. На овој начин упатена е лоша порака до нашиот државен орган од незадоволни граѓани, но веруваме дека предизвикувачите ќе бидат пронајдени и соодветно казнети, истакна Матевски.

Регионалната канцеларија на УЈП со седише во Битола во периодот од 23 до 25 јануари заедно со полициски инспектори од СВР-Битола и Државниот пазарен инспекторат извршија акциски контроли на 28 угостителски објекти во Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар и Македонски Брод, и според Матевски треба да се истражи дали настаните се меѓусебно поврзани.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари