Ова се четирите грешки кои ги правите при бришење на прашина

Од:

Никој не сака да брише прашина. Што повќе бришете, тоа повеќе ја има. Откако ќе го прочитате ова можеби ќе сфатите дека цело време погрешно сте бришеле прашина. Ова се четирите грешки кои често ги правите:

1. Бришењето прашина со сува крпа е тотално погрешно – прашината се враќа повторно таму. Крпа од микрофибер и средство за полирање се подобро решение.

2. Заборавате да ги исчистите филтрите за греење и климата. Тие се магнети за прашина и затоа, како би ја искорениле прашината од вашиот дом, потребно е редовно да ги чистите.

3. Средството за полирање не смеете да го ставате директно на мебелот. Ако го правите тоа, веднаш престанете. Испрскајте ја крпата со средство за полирање, а потоа бришете ја прашината на мебелот.

4. Редовно менувајте ги филтрите во правосмукалките. Запуштените филтри не можат да ја задржат прашината, туку ја испуштаат назад во просторијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска