Првите резултати од изборите во Грција триесет минути после 20 часот

Од:

Првата сигурна проценка на резултатите од изборите во Грција се очекува два и пол часа по затворањето на избирачките места, соопшти компанијата одговорна за обработка на резултатите.

Сепак, дали партијата што ќе победи ќе има мнозинство во парламентот, ќе биде познато многу часови подоцна, најверојатно во утрешните рани утрински часови, бидејќи тоа зависи од партиите кои нема да освојат пратенички места, односно нема да го поминат прагот од три проценти.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, во Грција не се објавуваат податоци за излезност на граѓаните.

Одговорниот министер Михалис Теохаридис изјави дека гласањето се одвива нормално на сите избирачки места. Тој информира дека гласањето почнало со задоцнување во неколку избирачките места лоцирани на планини, кои биле недостапни поради обилни врнежи од снег.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица