Раководството на СОНК бара да се формира работна група со задача врз основа на целокупна документација да утврди кога се доставени барањата до ресорните министерства поради кои Синдикатот сега е во генерален штрајк.
СОНК предлага во работната група покрај нивни претставник да има и по еден претставник од министерствата за труд и социјална политика и за образование и наука и од Економско-социјалниот совет на национално ниво, а подготвен е, како што соопшти во допис до медиумите, да нема свој член во групата ако некоја од предложените институции смета дека нема потреба.
– Исто така, оваа овластена група да ја утврди и вистината околу тврдењата за висината на средствата кои пристигнуваат во Советот на СОНК и за кои овластен потписник е претседателот на СОНК. Предлагаме и ќе побараме, каков и да е наодот на работнита група, тој јавно да биде објавен со потписи на членовите од работната група, наведува СОНК во соопштението.