Захарченко: Започна голема офанзива за преземање на Мариупољ

Од:

Лидерот на саморогласената „Доњецка Народна Република“, Александар Захарченко денеска изјави дека проруските силе тргнале во голема офанзива за освојување на стратешки важниот пристанишен град Мариупољ, кој е под контрола на украинската војска, потврдувајќи ја одговорноста за денешниот ракетен напад во кој загинаа најмалку 27 луѓе.

Тој истакна дека оваа офанзива претставува најдобар начин „да им се оддаде почит на сите наши жртви“.

Кабинетот на украинскиот градоначалник на Мариупољ соопшти дека нападот се случил откако бунтовничките сили ги одбиле мировните преговори.

Освен 27 загинати, во нападот со ракети „град“ врз станбен комплекс во градот, има и над 90 повредени лица, но тој број би можел да биде и многу поголем.

– Во нападот на проруските сили изгореле и повеќе згради и автомобили, истакна Олег Калињин, портпарол на градоначалникот на Мариупољ.

Поради денешниот напад, Украина побара од Советот за безбедност на ОН да свика итна седница, додаде украинскиот премиер Арсениј Јацењук. Тој, исто така, свикал средба и на амбасадорите на земјите од Г-7, како и на државите-членки на СБ на ОН.

ЕУ го осуди артилерискиот напад врз Мариупољ и предупреди дека ескалацијата на насилството во земјата сериозно ќе ги влоши нејзините односи со Русија. 

Би можело да ве интересира

Руте: Украина ќе биде членка на НАТО

Руте: Украина мора да биде способна да ги започне преговорите со Русија од позиција на сила

Горан Наумовски

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина