ЈП „Исар“ Штип апелира граѓаните да не ја користат водата за пиење

Од:

Штипското јавно претпријатие „Исар“ ги информира граѓаните дека водата за пиење во Штип не е за користење.

Директорот на ЈП „Исар“ Ангел Бојаџиев изјави  дека поради поплавите кои ги направи реката Брегалница околу бунарите има појава на заматеност на водата и затоа се апелира граѓаните да не ја користат водата.

– Секои 15 минути правиме анализи за исправноста на водата по што кога ќе се нормализира заматеноста на водата веднаш ќе ги информираме граѓаните, рече Бојаџиев.

Тој соопшти дека екипите на ЈП „Исар“ со повеќе цистерни веќе дистрибуираат вода во сите населби во градот за ги обезбедат  граѓаните со вода за пиење.

Во моментов премиерот Никола Груевски го посетува лакавичкиот регион каде што се и најголемите штети направени од поплавите предизвикани од прелевањето на езерото Мантово, со што реката Крива Лакавица се излеа од коритото.

Сообраќајот кај мостот на селото Балталија на регионалниот пат Штип – Радовиш се уште се одвива во една насока. Во тек градежни екипи го санираат мостот.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он