Могерини: Русија да запре со поддршка на проруските сепаратисти во Украина

Од:

Европската унија ја повика Русија да ја запре поддршката за проруските сепаратисти во Источна Украина по нивната одлука да започнат голема офанзива против силите на Киев.

– Ескалацијата на борбите води до зголемување на бројот на цивилни жртви. Ја повикуваме Русија да преземе целосна одговорост, се наведува во соопштение на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

Могерини повика за итен прекин на вооружените судири, повлекување на тешкото вооружување и почитување на договорот во Минск потпишан во септември минатата година.

Во соопштението на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност не се споменуваат нови европски санкции кон Русија.

Вчера проруските бунтовници во Источна Украина објавија дека планираат офанзива во целата област и ја отфрлија можноста за примирје со украинските власти.

Би можело да ве интересира

Умеров: Украинската армија се вклучи во борба со севернокорејските сили

Украина го изврши првиот напад врз севернокорејските војници во областа Курск

Украинската армија собори 50 беспилотни летала

Петмина повредени во гранатирањето на Харков

Руските трупи го гаѓаа Харков со балистичка ракета

Орбан: Трамп може да ја запре војната во Украина