„Голдман и Сакс“ против заминувањето на Велика Британија од ЕУ

Од:

Претседателот на големата американска инвестициона банка „Голдман и Сакс“ Гери Кон, изјави во Давос, дека Велика Британија треба да остане во ЕУ, за да се обезбеди Лондон и понатаму да остане голем финансиски центар во светот.

Според Кон, кој учествува во работата на Светскиот економски форум, финансиските компании сакаат да останат во Лондон, па затоа останувањето на Британија во ЕУ е „најдоброто решение за сите нас“.

Поголемиот број странски фирми стравуваат дека државите во ЕУ би можеле да воведат дополнителни давачки и на тој начин да го поскапат нивното работење, ако Британците се одлучат да ја напуштат Унијата, но еден дел од британските фирми и бизнисмени, не мислат така и сугерираат повлекување од ЕУ.

Првиот човек на „Голдман и Сакс“ меѓутоа, вели дека за Британија е императив да го задржи сегашниот статус на Лондон, како главен европски финансиски центар.

– Сите ние (банкарите) сакаме да останеме во британскиот главен град, зашто за нас тој претставува европско финансиско седиште, рече Гери Кон, учествувајќи во расправата во Давос.

Британски финансиски експерти предупредуваат на стравувањето на светските банкарски и финански компании, од можноста во Велика Британија да се организира референдум за напуштање на ЕУ, доколку на мајските парламентарни избори, победи Конзервативната партија на премиерот Дејвид Камерон.

Ториевците, а посебно евроскпетиците во нивните редови кои се во мнозинство,сметаат дека Британија треба да си замине од ЕУ, за да не им се случи,како што велат, да бидат предводени од Германија.

Но перспективата, за ЕУ без Велика Британија,би значело повлекување на мнозинството странски банки и финансиски компании од лондонски Сити, на европскиот континент, проценуваат британските експерти.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Русија: ЕУ свесно прави економски криминал на глобално ниво

Референдум во Молдавија: Над 50 отсто од граѓаните рекле не за влез во ЕУ

А1он

Мицкоски е оптимист за македонската евроинтеграција по самитот на Берлинскиот процес

Бербок: Берлин е за укинување на едногласноста во ЕУ, но Скопје мора да ги почитува компромисите

Горан Наумовски

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ