ГРЦИЈА: Нов план на штедење за одобрување на нова помош

Од:

Грчкиот премиер Андонис Самарас рече дека е важно итно да се склучи нов договор и план за мерки за штедење со претставниците на тројката (ЕУ, ММФ и ЕЦБ), доверителите на Грција, за да се одобри нова транша од помошта за земјата.

Првиот состанок на Тројката и грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас е закажана за в понеделник, а во склоп на мерките за штедење кои треба да бидат вклучени во пресметките за буџетот за 2013 година. Владата во склад со уставот ќе разговара во понеделник во парламентот.

Новата транша од помошта во износ од 13,5 милијарди евра мора да биде финализиран и да се изгласа за неколку дена, рече Стурнарас.

Одобрувањето на новата транша од помошта за Грција, замрзната од јуни, е условена од претставниците на тројката (Европската унија, Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна банка), зависино од усвојувањето на новиот план на строги мерки за штедење во земјата.

Според пишувањето во локалните медиуми, дупката во грчкиот буџет е двапати поголема отколку што се очекуваше и прашање е дали Грција може да ги исполни условите наметнати врз неа од тројката. Ова го доведува во прашање исплатувањето на вкупно 31,5 милијарди евра, без кои на Грција и се заканува банкрот.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски