По повод Светскиот ден на комуникациите, папата Франциско денеска упати апел до семејствата да се откажат од врските преку мобилни телефони и социјалните мрежи, а нивните членови повторно да научат да разговараат меѓу себе.
Папата истакна дека наведените средства можат и да помогнат во семејната комуникација, но и да и наштетат. Според него можат да помогнат кога се во прашање членови на семејството кои се географски оддалечени едни од други, а да наштетат доколку се користат како „средство за меѓусебно избегнување“.
– Голем предизвик кој денес стои пред нас е повторно да научиме да разговараме меѓу себе, а не само да собираме и користиме информации, изјави поглаварот на Римокатоличката црква.