Ал Џезира – Доха
Недолго откако сегашниот лидер на Северна Кореа Ким Јонг-ун дојде на власт по смртта на неговиот татко во 2011 година, вовел построги безбедносни мерки долж границата со Кина така да го спречи бегањето од земјата.
Според податоците на јужнокорејското Министерство за обединување, резултатот од тоа е дека се намалил бројот на Севернокорејците кои побегнале во Јужна Кореа од 2012 година.
Ким Ји-ву (не е нејзино вистинско име) ја напуштила Северна Кореа во 2013 година. Седум години размислувала да ја напушти земјата пред да се одлучи на опасното патување во Кина и на крај во Сеул. Ким ја обвинува Владата на Северна Кореа за сериозни кршења на човековите права.
Ова е нејзината приказна, која ја раскажала на дописничката Тереза Бо на Ал Џезира.
Ние од Северна Кореа не сме пасивен и глупав народ.
Токму сега, ние не можеме да реагираме иако го сакаме тоа, бидејќи тоа ќе резултира со наша смрт и со смрт на три до четири генерации на нашите деца. Така тоа само го поднесуваме.
Најдобра работа, единствена работа која жителите на Северна Кореа можат да ја направат во борбата против својата Влада е да бегаат. Да побегнат и да даваат интервјуа и да ја откријат стварноста за Северна Кореа.
Мислам дека тоа е најсилен облик на отпор.
Одлучив да побегнам уште во 2006 година, но не знаев многу за јужнокорејското општество. Над од детство не учат само за негативни работи за Јужна Кореа. Не бев сигурна дека таму ќе бидам добредојдена.
Луѓето постојано се изложени на кампањи, предавања, конференции и часови за тоа како Јужна Кореа се преправа дека ги прифаќа бегалците и потоа по три години тајно ги убива. Слушнавме неколку кампањи кои шират такви информации и поради тоа, иако донесов таква одлука ми беше тешко да соберам храброст и да побегнам.
Но, во 2013 година стана невозможно да се живее во Северна Кореа. Преживувањето повеќе не зависеше од мене, а иако сеуште бев жива, беше невозможно да ја замислам иднината на моите деца.
Така одлучив, дека иако можеби ќе умрам, барем мојот дух ќе стигне во Јужна Кореа. И дури иако не би можела да стигнам таму, можам да отидам во трета земјка и да ја откријам стварноста на Северна Кореа.
Лажно ме обвинија дека сум водач на шпионска мрежа за Јужна Кореа и Министерството за државна безбедност СДД ме уапси во 2011 година. Ме уапсија на пат до работа. Ме чекаше автомобил околу еден часот попладне.
Во подземна затворска келија
Беа петмина. СДД има свој затвор. Жените кои ќе ги фатат во обид да побегнат обично ги праќаат во затвор. Но бидејќи јас бев обвинета дека сум водач на шпионска мрежа, ме сместија во подземна затворска келија.
Бев сама. Затворени сте во мала келија и присилени да клечите цел ден, од 6:30 наутро до 10:30 навечер. Не смеете да зборувате, не смеете да протестирате. Ако се помрднете, ви велат – Еј, стани! И потоа ве тераат да ги испружите рацете. Ве удираат по рацете со дршка од пиштол, така на рацете да ви останат лузни. Немилосрдно ве тепаат. Потоа продолжувате да клечите.
Бев затворена девет дена, а потоа ме однесоа на прво сослушување. И на пат до таму ми ги покажуваа другите затвореници.
Тие беа толку многу претепувани што вриштеа. Тие се тресеа од големи болки. Стражарите велат: Застани и гледај ги. Ќе завршиш како овие луѓе. Ако не сакаш да ни ја кажеш вистината, треба да се убиеш.
Ако не ја признаеш вината на првото сослушување, тие немилосрдно ве тепаат се додека не помислите дека сте мртви. Направија пауза за време на сослушувањето да ми кажат да ги признаам своите злосторства и кога тоа го одбив, немилосрдно ме тепаа.
Кога ќе кажев не, ме удираа, тие скокаа по мене со ѓоновите на чевлите. Ме удираа со предмет кој изгледа како линеар.
Аркадата ми пукна. Мојот вид порано беше одличен, но добро ме претепаа и се здобив со крвави модрици, така видот ми се влоши. Десната страна е добро, но ме претепаа на левата страна. Само реков: Удирајте ме колку што сакате.
Престануваат кога ќе им снема енергија. Така тие тепаат.
Многу е тешко да се признае нешто што никогаш не сте го направиле.
Севернокорејската СДД може да направи дури и немо лице да проговори.
Тоа навистина е најсуров облик на кршење на човековите права.
Кога поднесуваат список на шпиони на Ким Јонг-ун, шефот на СДД добива медал на национален херој, друг функционер добива национален медал за чест. Тие едни на други си ги доделуваат овие награди.
Ако ги негирам обвиненијата, тоа е нивен пораз. Така експлицитно ми рекоа: Полоша си од инсект, не се сметај за човек. Престани да се нарекуваш човк и почни да размислуваш за себе како за инсект. Тој став треба да го имаш кога ми се обраќаш.
Така се однесуваа.
Излегов по околу два месеца. Добив отказ на сите работни места. Ме пратија на обука на три места каде бев подвргната на идеолошки реформи., Потоа, станав општествен отпадник. Бев како капка масло во вир. Никој не смееше да комуницира со мене, никој не смееше да разговара со мене. Ме изолираа.
Видов дека тоа нема да влијае само на мене, туку и на моето дете. Владата го следи секој ваш чекор, тие ве следат до тоа ниво што не можете ни да замислите. Затоа морав да ги пресечам дите општествени врски. Беше невозможно моето дете да добие образовение, така се одлучив да побегнам.
Морав да побегнам поради мојот единствен преостанат син, за да му овозможам образование и шанса за подобар живот. Кога мојот син ќе дојде тука, сакам да му пружам образование. Исто така сакам да го пратам во странство на студии. Сакам да студира медицина, неговата покојна сестра толку многу сакаше да студира медицина. Сакам тој да го исполни нејзиниот сон.
Не познавав никого во Јужна Кореа. Немав никој да ме повика да дојдам, немав ништо. Но тоа беше единствен начин да преживее мојот син. Го ставив својот живот на коцка за тоа.
Опасно патување
Кога дојдов во Кина, не бев при свест.
Се криев од ден во ден покрај реката Амнок, на изолирано место во шумата (реката е позната под името Јалу). А кога дојде нова смена на стражата, го земав ранецот и скокнав во вода. Во вода бев три часа.
Реката беше многу длабока кај што ја препливував, тоа е дел каде се спојуваат четири струи. Мораше да биде такво место, бидејќи граничната патрола на тоа место не беше толку строга. Немав коноп врзан на грбот. Не знаев да пливам и само скокнав во водата. Сватив дека бев многу блиску до смртта.
Имав слика од покојната ќерка. Реков: те молам Господе спаси ме. Ако умрам, што ќе прави мојот син? За чудо, струите секогаш течат кон Северна Кореа. Но искрено, подобро да се удавам отколку да се вратам да ме фатат. Мојот живот би бил незамислив, како и животот на мојот син. Би го поминала животот во затвор. Така да бев одлучна, ако не ја препливам реката, подобро да се удавам.
Кога дојдов до кинескиот брег, излегов од водата и помислив дека треба да појдам кон светлото. И тука бев, на пат, без свест. Мојата облека падна од мене и ги изгубив чевлите. Единствено што имав беше ранецот, а и тој се скина така што се ми паднало од него и беше празен.
Тогаш ме најде некој кој поминуваше на мотор и ме одведе дома кај некој негов пријател. Пријателот во чија куќа ме донесе бил ѓакон во црква. Бил ѓакон меѓу Кинезите, од корејска националност чие семејство емигрирало во Кина.
Мојот син сега е со мојата мајка. Не сум зборела со него откако избегав. Сакам да го слушнам неговиот глас само уште еднаш, но не можам.
Но, разговарав со мајка ми еднаш кога и праќав пари. Само плачевме. Дури и кога избегав, не и кажав дека сакам да избегам од земјата. Само и реков дека ќе отидам да спечалам малку пари и дека ќе се вратам по една ноќ. Постојано мислев на мајка ми.
Му реков на син ми дека утре ќе се вратам и за тоа време да научи 100 англиски зборови, па за тоа ќе го испрашам кога ќе се вратам. И заминав.
Мајка ми ми рече дека мислела дека сум мртва. Мислела дека сум се удавила во реката Амнок. Едвај збореше на телефон, се гушеше во солзи, само плачеше. Немавме можност да кажеме нешто повеќе. Само плачевме.
Моето семејство е казнето колку што некој може да биде казнет поради моето заминување. Мојот помлад брат беше војник, тој е отпуштен, како и сопругот на мојата помала сестра, кој беше полицаец. А мојот син, кој беше претседател на одделението исфрлен е од училиште откако исчезнав. Велат дека постојано ги следат. Но, залудно е да се испитува мојата стара мајка и мојот син, кои не знаат каде сум. Кога заминав, над нив е засилен надзорот.
Со самодоверба ќе го покажам своето лице во јавноста, сакам да давам интервјуа. Но, прво морам да ги донесам мајка ми и син ми, затоа ги одбивам барањата за интервју. Но, кога тие ќе бидат тука, сакам да кажам се што ми лежи на срцето, се што сум видела, слушнала и почувствувала.
Она што го чувствувам кога ќе се присетам е: Повеќе од 40 години живеев во Северна Кореа и јас и не само јас туку и моите родители, никогаш не сме помислиле да се буниме против Владата. Само го правевме она што ни го зборуваше Работничката партија.
Потоа, ненадејно еден ден ме обвинија за нешто. На овој начин тие се исмејуваат не само на мене, туку и на илјадници луѓе.
Ме мачеа на таков начин што човек не може ни да замисли. Се уште имам кошмари од тоа. Навистина. Никогаш тоа нема да го заборавам. Не би била човек ако го заборавам тоа.