Ципрас: Блиску е ставањето крај на националното понижување

Од:

Лидерот на опозициската коалиција на радикалната левица Сириза, Алексис Ципрас синиќа изјави дека е блиску до ставање крај на националното понижување, три дена пред парламентарните избори во Грција.

– Во понеделник националното понижување ќе биде готово. Ќе завршиме со наредбите од странство. Бараме прва можност за Сириза. Тоа може да биде последна можност за Грција, изјави Ципрас (40) на завршниот изборен митинг на Сириза во Атина.

На најголемиот предизборен митинг на Сириза, присуствуваше и лидерот на шпанската левичарска партија Подемос Пабло Иглесиас, додека илјадници симпатизери на Сириза излегоа со знамиња и транспаренти „Промена на Грција, промена на Европа“.

– Ветерот на демократските промени дува, промени во Европа од промени во Грција, изјави Иглесиас, додавајќи дека се нарекува Сириза во Грција, а Подемос во Шпанија.

Лидерот на Сириза ги преводи силите кои се против тешките мерки за штедење и се заканува со прекинување на исплатата на долгот на земјата кон европските кредитори, што изнесува околу 240 милијарди евра.

Според Ципрас штедењето не е дел од европските обврски, а дека владата предводена од Сирија ќе ги почитува обврските на Грција како земја членка на ЕУ, како што се демократија и принципот на сувереност на народите.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит