Пресудата на општинскиот суд во Виена, со која на едно лице му е забрането да пуши во својот стан, ја прошири дебатата за заштитата на непушачите во локалите и на приватното подрачје.
Според австриски „Пресе“, пресудата која се уште не е правосилна, првпат некому во Австрија му забранува да учива во никотинскиот чад во своите четири ѕида, пренесува Танјуг.
Тужбата ја поднел соседот кој живее над тужениот и кој се почувствувал загрозен од чадот кој се чувствува од станот кат подолу, посебно кога е отворен прозорецот.
Судот пропишал генерална забрана на пушење на тужениот, а со случајот натаму ќе се занимава и Цивилниот суд.
Австриците стравуваат дека оваа пресуда би можела да занчи забрана за пушење и во нивните станови.