Тирана одбила да раководи со Комитетот за економски прашања при ОБСЕ

Од:

Албанското Министерство за надворешни работи го одбила предлогот на ОБСЕ да раководи со Комитетот за економски прашања.

Според Министерството, Советот на ОБСЕ предложил албанскиот амбасадорот Спиро Кочи да го превземе претседателствувањето со Комитетот за економски прашања, но овој предлог бил одбиен од албанска страна.

Министерството во соопштението наведува дека овој предлог бил одбиен бидејќи Албанија побарала да раководи со комитетот за безбедност и човекови права, бидејќи за тоа мала одлично искуство.

Поради ова опозициските демократи преку пратеникот Алдо Бумчи остро го обвини министерот Дитмир Бушати за „голем дипломатски меѓународен преседан, што не се случува со други држави“ и тоа во време кога, како што изјавил, Србија го презема претседавањето со ОБСЕ. Тој го повика да си даде оставка.

Со ваквиот чин на МНР не се согласува ни претседатлката на парламентарната комисија за надворешна политика Арта Даде и најавила дека на посебна седница да даде обајснувања ќе го покани Бушати.

Би можело да ве интересира

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија