Портпаролот на грчкото МНР, Григорис Делавекурас ги демантираше информациите на македонските медиуми дека се случило убиство во Солун на извесен Александар Самарџиев, кој претходно бил претепан од припадници на неофашистичката „Златна Зора“.
Според Делавекурас таков инцидент се нема случено и вели дека тоа е „морбидна фантазија“, а ја повика Владата да биде, како што рече „попретпазлива и да не остава простор за вештачко заострување и пораст на национализам“.