„Професорскиот пленум изразува цврста и недвосмислена поддршка на СОНК како организација и на секој негов член и членка, охрабрувајќи ги да го искористат своето уставно право на штрајк.
Најостро го осудуваме секој облик на притисок, вклучувајќи ја и заканата „воведување замена“ Тоа што ова решение е легализирано, не значи и дека е уставно и дека не ги крши работничките и синдикалните права. Ако смислата на штрајкот е престанок со работа како облик на притисок со цел да се подобрат сопствените работнички права, воведувањето замена претставува системски и државно спроведено поништување на ефектот на штрајк.
Затоа, спротиставете се на сите притисоци, охрабрете се за своите права! Зборот „штрајкбрехер“ е едно од најсрамните именувања. Не дозволувајте притисоците од директорите и општините да ве претворат во штрајбрехери. Храбро напред за сопствените права! Само со смелост и солидарност ќе успеете да ја подобрите сопствената состојба“, се вели во соопштението на Професорскиот пленум.