Токио: Се уште нема контакт со припадниците на ИД

Од:

Јапонската влада денеска објави дека работи на ослободување на двајца свои граѓани од екстремистичката група „Исламска држава“, признавајќи дека се уште нема остварено контакт со припадниците на ИД.

До истекот на тридневниот ултиматум од џихадистите на ИД остануваат уште 24 часа.

– Не можеме да добиеме информации за нивната безбедност, изјави генералниот секретар на владата Јошихида Суга.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе вчера изјави дека Јапонија вложува максимални напори во трка со времето за ослободување на двајцата Јапонци киднапирани од џихадисти на групата ИД, кои се закануваат со нивно убиство доколку не им бидат исплатени 200 милиони долари.

Екстремистите на ИД во вторникот објавија видео со двајца Јапонски државјани и барање за исплата на 200 милиони долари до јапонските власти. Киднапираните Јапонци се идентификувани како новинарот Кенџи Готу и Харун Јукава, цивилно лице на воена служба.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови