Затворено градилиштето на Азманов во Центар

Од:

Градежната инспекција на општина Центар денеска со решение го затвори градилиштето на фирмата Настел на бизнисменот Зоран Азманов. Поради огромната јама која што е ископана, а не заштитена, пропадна улицата 8-ма Ударна Бригада, отворена е дупка во градилиштето и е нарушена стабилноста на околното земјиште. На оваа улица се наоѓа Италијанската амбасада и постои реална опасност и за возилата и за пешаците.

Nastel - inspekcija (2)

Надлежните му наложија на инвеститорот да ја обезбеди на градежната јама. Оттаму добија уверување дека во најкраток можен рок ќе го сторат истото.

Nastel - inspekcija (3)

Општина Центар улицата 8-ма Ударна Бригада целосно ја реконструираше пред нецела година. Поради опасност од поткопување на улицата и оголување на инсталациите неколку пати беше предупредена компанијата Настел да го реши проблемот со огромната ископана дупка која веќе е претворена и во вистинска депонија.

Nastel - inspekcija (1)

Азманов во 2012-та година има добиено правосилно решение за изградба на два објекта за деловни намени. Тоа значи хотел или трговски единици. Едниот објект треба да биде висок 22 метри, а вториот 16,5 метри.

Nastel - inspekcija (5)

Согласно законот за градење, фирмата поради загрозена сигурност на околните градби и стабилноста на земјиштето ќе биде казнета со глоба од 2000-4000 евра, а одговорното лице со казна од 1000-2000 евра.

Nastel - inspekcija (7) Nastel - inspekcija (6)

Би можело да ве интересира

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски