Група бугарски арехолози на еден локалитет во близина на Црното Море понајдоа керамички сад со сребрени монети од третиот век пред новата ера.
– Во монетов расчистуваме околу садот и кога ќе го извадиме ќе знаеме колку точно монети има. Сигурно е дека тоа претставува вистинско богатство од сребрени монети, изјави шефот на архелошкиот тим, Даниела Агре.
Според Агре, садот бил пронајден во близина на остатоците од тврдината на тракискиот велмож Кортоѕунос, која е откриена во 2006 година.
Агре нагласува дека ова е досега најголемо количество на антички монети пронајдени на територијата на Бугарија.