Самарас: Сириза сака режим со севернокорејски премиер

Од:

Грција и Нова Демократија ќе победат на изборите во недела, рече премиерот Андонис Самарас на синоќешниот главен изборен собир на партијата во конференцискиот центар во Солун, јави дописникот на МИА од Атина.

Самарас ја нападна Сириза, велејќи дека се обидува да воведе режим со „севернокорејски премиер“,откако соопшти дека партијата сака одделот за финансиски криминал СДОЕ и секое друго независно тело, да ги стави под надлежност на кабинетот на премиерот.

Самарас рече декa Сириза со своето однесување ги брка странските инвеститори.

– Партијата сака да ги укине испитите за влез во државната служба, високото ниво на безбедност во затворите, сака да се разоружа полицијата и крајбрежната стража. Сириза сака се да биде во државна сопственост, за да може да формира своја сопствена партиска армија, рече лидерот на Нова демократија.

– Не постои земја во која се врши национализација, освен во Венецуела и Северна Кореја, истакна Самарас и додаде дека Сириза лаже и кога зборува за намалување на долгот на земјата затоа што е свесна дека тоа не може да се случи.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит