Ципрас: Единствен кој ќе банкротира е Самарас

Од:

Лидерот на Сириза Алексис Ципрас ги повика гласачите да и дадат на неговата партија јасна и моќна поддршка за да ја спроведе својата програма и да ја направи земјата посилна во преговорите со кредиторите, јави дописникот на МИА од Атина.

– Без јасна и моќна поддршка за Сириза, силите на меморандумот, без разлика дали се стари или нови, ќе се обидат да не фатат во стапица, да не остават без парламентарно мнозинство, заложници на поддршката за нив, за да можат да ја фалсификуваат нашата програма, рече Ципрас.

Тој истакна дека Сириза е блиску до добивање доволно мнозинство за да формира влада и го нападна премиерот и лидер на партијата Нова демократија, Андонис Самарас, дека повторно воведува „нетолеранција типична за грчката граѓанска војна, која му се гади на секој умерен и демократски граѓанин“.

– Сигурна прогноза за она што ќе се случи од февруари, е дека во Нова демократија ќе бараат нов лидер , затоа што единствениот кој ќе банкротира е Самарас и неговата екстремно десничарска група на пријатели кои владееја со нас сите овие години, рече Ципрас на митинг во Патра.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит